Please enable JavaScript.
Coggle requires JavaScript to display documents.
ВИДОВИ НА КРВАРЕЊЕ И ХЕМОСТАЗА - Coggle Diagram
ВИДОВИ НА КРВАРЕЊЕ И ХЕМОСТАЗА
Според видот на крвниот сад:
-
Артериско
- Артериско крвавење настанува со излегување на крвта од артерија. Крвта тече во млаз и има светлоцрвена боја, на интензитетот на крвавењето од артеријата влијае: големината на крвниот сад, типот на повредата и големината на отворот
Венско
- Венско крвавење е она кое доаѓа од вените и се препознава по тоа што крвта тече побавно и има темноцрвена боја. Покрај опасноста од загуба на крвта кај повредите на големите вени постои опасност и од воздушна емболија.
Капиларно крварење
доаѓа од капиларите во форма на ситно точкасто крварење.
Според времето на настанување:
Примарно крварење - кое настанува за време на повреда или при оперативен зафат.
Реактивно крварење - кое може да се јави во првите 24 часа , а главна причина е падот на лигатурата на крвниот сад или поместување на коагулумот кој претходно го затворил повреденето место на крвниот сад
Секундарно крварење - настанува по 7-14 дена , предизвикано од инфекција, некроза на ѕидот на крвниот сад и од распаѓањето на тромб.
Крварење во две времиња - се јавува во случај кога при повреда на црн дроб или на слезенка , капсулата може да остане интактна , а под неа да се насобере хематом. Хематомот постепено расте и кога поради притисок капсулата ќе прсне , настанува крвавење во слободната стомачна шуплина.
ХEМОСТАЗА
Хемостаза претставува одбрамбена реакција на организмот. Тоа е процес на запирање на крварење при повредa на крвен сад кој започнува со: стеснување на крвните садови, создавање на тромбоцитен чеп, коагулација на крвта.
Коагулацијата претставува процес во кој се создаваа фибрински згрушок (коагулум) при оштетување на крвен сад. Тоа претставува комплексен процес кој се одвива во многу фази и во кои учествуваат активни форми на одредени фактори на коагулација.
Време на крварење
Клиничко значење:
Временски период во кој доаѓа до запирање на крварењето
кое може да биде продолжено при пореметувања во коагулацијата на крвта.
Сопирање на крварењето
Силното крварење побарува моментална реакција и примена на постапки за негово сопирање на самото место на настанот.
Под крварење се подразбира секое излегување на крвта надвор од крвните садови. Според причината разликуваме случајни, односно трауматски крварења предизвикани со механичка повреда на крвниот сад и крварења поради одредени болести (на пример пореметување во згрутчувањето – коагулацијата на крвта).
Постапки за прва помош во запирањето на надворешното крварење
Притисок на артерија
Крварењето на главата и екстремитетите може да се сопре со притисок врз артеријата која крвта ја доведува на повреденото место. За таа постапка се потребни вештина и точно познавање на местото кое треба да се притисне. Местото на притисокот секогаш се наоѓа помеѓу срцето и повреденото подрачје (раната).
Компресивен завој
Раната може да се притисне со
компресивен завој, и тоа на следниов начин:
На раната поставете стерилна газа;
Над газата ставете неколку гази,
точно над местото на крварење;
Со помош на кружен завој цврсто стегнете ја раната и јазолот
поставете го точно над местото на крварењето.
Притисок на раната
Со помош на парчиња од стерилна газа цврсто притиснете го местото на крварење. Ако раната е на раката или ногата, подигнете го повредениот екстремитет и задржете го во таква положба.
Подврзување на екстремитетите
Подврзувањето на екстремитетот предизвикува прекин на циркулацијата под местото на
подврзување што може
да доведе до изумирање на ткивото
и губиток на екстремитетот. Затоа подврзувањето смее да се примени само во следниве случаи:
Ампутациски повреди (прекинување или отсекување на дел од раката или ногата)
ако не очекуваме повторно спојување на одвоениот екстремитет.
Силно нагмечување и дробење на екстремитетот кога неговиот губиток е неизбежен.
Силно крварење кое не може да се сопре со ниту една друга постапка.
Изработила: Стефани Сидороска