Please enable JavaScript.
Coggle requires JavaScript to display documents.
5 мај-Ден на македонската азбука и на македонскиот јазик makedonska…
5 мај-Ден на македонската азбука и на македонскиот јазик
„Јазикот е нашата татковина“. – Блаже Конески
„Без јазикот ќе си недостигаме самите на себе, оти само јазикот никогаш не нè оставил сами и тој памети многу повеќе отколку што ние можеме да заборавиме“. – Петре М. Андреевски
Развојот на денешната македонска азбука датира уште со појавата на глаголицата и потоа со замената на глаголицата со кирилица и со постепено развивање и усовршување на гласовно-графичкиот систем. До 10-тиот век македонскиот јазик користел различни други писма, како што е грчкото писмо или некои сè уште недешифрирани писма, но со појавата на глаголицата се стандардизирала писменоста. Така, од X па сè до 19 век македонскиот јазик ги користел следните азбуки: глаголица, кирилица, црковно-мкедонско писмо, илинденска азбука.
Документ на АСНОМ со кој се воведува македонската азбука како официјална азбука на територијата на Република Македонија
-
на Антифашиското собрание на народното ослободуене на Македонија за заведуене на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава
-
-
-
-
Ова решение влегуе веднага во сила. Во манастирот “Св.отец Прохор Пчински“, на ИЛИНДЕН 2 август 1944 год(ина).
За Антифашиското собрание на народното ослободуење на Македонија.
Одлуката овој датум да се прославува како Ден на македонскиот јазик е во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија која на 5 мај 1945 година ја усвои азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо, а по два месеца Министерството за просвета го озакони првиот правопис со што беше кодифициран македонскиот јазик.
-
Ако во грлото грутка ти се збрала,
ако гласните жици не ти треперат,
те молам, те молам немој да дозволуваш
во мислите твои збрчкани, необновени
да ти одлета како птица на југ,
како славеј прогонуван и ранет,
-
Ако можат усните да ти танцуваат зборувајќи – а зборот да не ти биде цел,
-
-
и да се соочиш со парчињата што останале,
-
на штотуку изграден мост,
ако можеш да го сочуваш довека најголемото богатство на еден народ,
-
Ако можеш да го зграпчиш во раце како нешто скапоцено,
да научиш како се чува нешто што се љуби, нешто што ако го нема,
секое постоење ќе биде само една нова сенка, изгубена сама во себе.
Ако можеш..... ти велам, ако можеш...
Ако можеш да научиш илјада јазици,
ако се изгубиш низ овие темни долини,
не заборавај кој збор ти бил изговорен од усните,
-
Ако можеш да скротиш плач, тага со топол збор,
може да бидеш осудуван, очаен...
Ако некогаш од устата мед ти тече,
ако изговориш погрешен збор – убиец,
ако можеш да се стрпиш да те стигни вистината,
додека лагата го прошетала светот,
не заборавај да ја исправиш главата,
-
Ќе те казнуваат, можеби ќе те каменуваат на зборови,
но секој нов ден е нова шанса за сите јазици во светот,
бидејќи само така, ние човечките битија
сме создадени да љубиме, со збор, со дело, со прегратка, со поглед.
Создадени да бидеме сакани, како што еден народ си го сака својот јазик.
И секој јазик во светот е едно ново патешествие што ние го искусуваме,
затоа што ако тој не постои, нема да постои оваа борба помеѓу народите.
Борба за спокој, мир, за љубов...
Борба за едно ново утро, бидејќи срцата ни знаат
денес само за убави нешта, како што е јазикот.
Чувајте го, негувајте го, пријателството помеѓу јазиците е наше право,
-
Ако се откажите од ова, сте се откажале од јазикот, немилосрдно и неопростливо.
Јазикот јет средство, со које није познааме, шчо мислит, шчо осек’ат и шчо сакат нашијот собеседник.
Да сочуат некој својот народен јазик и да го бранит као светијн’а, значит, да останит он вepeн нa дуот на својите предедовди и да уважаат се, шчо имаат они напраено за својето потомство.
Да се откажит чоек от својот народен јазик, значит, да се откажит он и од народнијот дух.
Милоста кон народнијот јазик јет наш долг и наше прво.
Није сме должни да милуаме нашијот јазик, зашчо тој јет наш, исто така, као шчо ни јет наша таткоината ни.
(К. П. Мисирков, „Неколку зборои за македонцкијот литературен јазик“)
-
-